ВМРО-ДПМНЕ го тресат скандали и тоа е една од причините зошто не сакаат избори, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното издание во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
За него, поради здравјето на граѓаните е важно да се оди на избори и не само поради тоа, туку и поради економијата, демократија и функционирањето на институциите.
„ВМРО-ДПМНЕ го тресат скандали, а тоа се со вработениот во Министерството за земјоделие фатен со бележни пари примени како мито и скандалот со социјалниот работник во Центарот за дневен престој за децата со посебни потреби кој барал сексуални услуги за „завршување услуга“. Тоа се само една од причините зошто тие бегаат од избори“, објави Костадинов.
Наќе Чулев организира хајки и малтретира млади волонтери за да ги затскрие овие скандали, рече Костадинов.