Балканските земји може да бидат меѓу првите на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во Грција без тест за коронавирус и без задолжителен карантин. Ова го предвидува планот на грчката Влада „Restart tourism“, со кој се најавува брзо и безбедно да започне туристичката сезона во Грција.
Според SKAI, на списокот со 19 земји чии граѓани ќе можат да заминат на одмор во Грција претстојнава сезона се најде и Северна Македонија.
Другите земји се: Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка.