Нашето здравство на почетокот на епидемијата прогнозираше пик од 2000 заболени, но ние не го достигнавме со таа бројка , што е потврда дека добро сме ја изменаџирале ситуацијата. –истакна Манчевски.
МВР го ажурира постоечкиот список и ги додава новите полнолетни граѓани, а ДИК треба да донесе став и да даде конкретна изјава , а не лични изјави како претседателот на ДИК.-посочи Манчевски.
Потпретседателот на СДСМ, Манчевски истакна и дека точно е дека најлогично беше да се собере собранието, затоа што колку подолго трае оваа ситуација, толку тоа е полошо.
Сметам дека треба да си ги почитуваме законите, се уште постои можност да се договориме додека трае вонредната состојба до крајот на мај. –истакна Манчевски.
Доколку не продолжи вонредната и не се одржат избори , се ставаме во ситуација да нема кој да ја води државата ,нема ни собрание , ни влада. Затоа, колку пократко трае оваа состојба толку подобро за сите.-истакна Манчевски.