Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостува во телелвија 24 зборуваше за одржување на избори каде посочи ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека безбедноста и здравјто на граѓаните се најважни за разлика од желбите на СДСМ и Заев за брзи избори и лов во матно.
Јасни се ставовите на политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ излезе со ставот дека безбедноста и здравјето на граѓаните се пред се за разлика од желбата на СДСМ и на Зоран Заев за брзи избори и лов во матно.Ние рековме дека остануваме на 4 чекори кои беа предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицевски во своето гостување.
Според Мицевски не е спорно да се седне и да се разговара за избори, меѓутоа датумот кој беше фиксно предложен од страна на господинот Заев е реално и физички неостварлив врз основа на она што се случува практично во Република Македонија со бројот на ново заболени.
Во интерес на државата е да има договор со дата која што пред се ќе гарантира здравје и безбедност на граѓаните, меѓутоа фер и деморктски избори мониторирани од меѓународни наблудувачи во еден релаксиран изборен процес кој што во моментов не може да се оствари земајќи во предвид сите фактори кои што влијаат на целокупната состојба во Република Македонија, додаде Мицевски.