Кусата изјава беше сведена на политички неутрален став со надеж дека нема да се соочи со никакви спротивставувања од членките на ОН, соопшти руската мисија во ОН.
Сепак, иако во текстот ниту се споменува неодамнешниот упад со бродови што доведе до апсење на двајца поранешни американски специјалци, Вашингтон не му даде никаков шанса на документот, отфрлајќи го во рок од 9 минути од почетокот на процесот на гласање, вели првиот заменик-амбасадор на Русија во ОН, Дмитриј Полиански.
Нацртот ги повикува земјите-членки на ОН да ги отфрлат употребата или заканата за употреба на сила, тероризмот во сите негови форми и манифестации како и употреба на платеници.
„Актуелната криза поради која оваа латиноамериканската нација потона во економски и политички хаос – влошена со строгите санкции и прикриените закани за промена на режимот од Вашингтон – треба да се реши преку дијалог меѓу Венецуелците, без мешање, преку мирни и политички средства“, се вели во нацрт-изјавата.
Сега, со блокирање на нацртот, САД ги покажаа вистинските бои, имплицираше Полиански во својот твит.
Според американскиот претставник во ОН, Кели Крафт, токму Русија и Куба го кршат венецуелскиот суверенитет рутински испраќајќи воени офицери и платеници против волјата на Хуан Гваидо, самопрогласениот привремен лидер финансиран од САД. Таа, исто така, без двоумење ја префрли вината во Венецуела додека негираше каква било вмешаност на САД во неуспешниот обид за пуч, навестувајќи дека владата на Венецуела можеби има улога во креирањето на оваа наводна криза.
Каракас тврди дека крајната цел на нападот била да го соборат претседателот Николас Мадуро, а уапсените Американци изјавиле дека шефот на приватната воена компанија со седиште во Флорида е одговорен за неуспешната операција.
Еден од заробениците, Лук Денман, објасни дека имал задача да обучува венецуелски емигранти во соседна Колумбија и, откако ќе ги обезбедат своите цели да го окупираат аеродромот, требало да го стават Мадуро во авион. Денман потоа требало да остане на аеродромот за да добие хуманитарна помош и да чека дополнителни упатства.
Изјавата на Денман совпадна со последната изјава на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој најави дека САД ќе испорачаат 200 милиони американски долари дополнителна помош со цел да ги поддржат Венецуелците што бегаат од својата земја поради тиранијата на поранешниот режим на Мадуро.