Американскиот актер Хаген Милс, познат по својата улога во серијата „Баскетс” е пронајден мртов, но постои сомнеж дека извршил самоубиство откако пукал во мајката на неговото дете, Ерика Прајс.
Полицијата ја пронашла Прајс (34) со прострелни рани на раката и градите.
Прајс за полицијата изјавила дека Милс (29) пукал во неа, а потоа и во себе.
Според полицијата, Милс ги држел како заложници неговата ќерка и мајката на Ерика, додека Прајс не се вратила дома, а потоа ја застрелал.
Мајката и ќерката на Прајс не се повредени при инцидентот, а Прајс е префрлена во болница и нејзината состојба е стабилна.