Бундеслигата е пример за сите други првенства

Претседателот на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен,  Карл-Хајнц Румениге, се надева дека Бундеслигата ќе послужи како пример за останатите првенства во однос на мерките преземени за продолжување на првенството по паузата поради пандемијата.

– Бевме први што започнавме и се надевам дека ова ќе послужи како пример за другите земји. „Држам палци” и за фудбалот во Италија, затоа што тоа е важно, рече Румениге за „Газета дело Спорт”.

Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила.

– Ако играчите се одговорни и дисциплинирани, ние имаме шанса да ја завршиме сезоната, додаде 64-годишниот Румениге.

Треба да знаете
Последни објави