Чикаго почна да ги казнува црквите поради одржување служби кои не се во согласност со воведените правила за заштита од новиот коронавирус.
Три цркви ќе бидат казнети поради одржани служби на 17 мај, изјавија претставници на полицијата за „Фокс њуз”.
Поради пандемијата на коронавирусот, законот во Илиноис го ограничува бројот на учесници на верските служби на десет лица
Сепак, римокатоличката Божја црква во Филаделфија одржа служба во неделата, на 17 мај, на која присуствуваа 75 луѓе, што претставува помалку од една десетина од нејзиниот капацитет, за што ќе треба да плати казна од 500 долари. Покрај оваа, полицијата казни и други две цркви во Чикаго.