По подолга пауза од два месеци поради пандемијата со коронавирусот тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп излезе на теренот со своите играчи. Тој беше многу среќен. Тренингот германскиот фудбалски стратег го опиша како посебно доживување.
-Се разбудив порано и сфатив дека ова е мојот прв ден. Се чувствував како да е мојот прв ден на училиште. Беше тоа пред 46 години за мене, но слично како сега, рече Клоп.
Тој верува дека фудбалерите ќе бидат подготвени за предизвиците што ги чекаат.
-Не знам колку време треба да работиме, но мора да се подготвиме за остатокот од сезоната и за следната, бидејќи нема да има голема пауза.
Премиерлигата беше суспендирана на 13 март, а до крајот на првенството останаа уште вкупно 92 натпревари. Ливерпул е лидер на табелата со 25 бода предност пред актуелниот првак Манчестер сити и е на чекор до освојување на нова шампионска титула по пауза од 30 години.