Мицкоски мислејќи дека МВР и натаму е во времето на МВРО-ВМРО се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“, рече на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што истакна таа, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.
„Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е отсјај од светлото“, рече портпаролката на СДСМ.
Според неа, неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на неговата партија.
„Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски“, кажа Кузеска која порача дека истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила беа забраните против коронавирусот.