Македонското здравство добро се справува со коронавирусот, секој граѓанин да помогне со почитување на мерките

Прес-конференција, Ненад Коциќ, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 3

На почетокот сакам да изразам јавна благодарност до сите доктори, медицински сестри, лаборанти, возачи и други медицински и технички персонал од Инфективната клиника и другите инфективни одделенија, брзата помош, матичните лекари и сите служби кои се во првите борбени редови во одбрана од коронавирусот и заштита на личното и колективното здравје во државата, како и благодарност за министерството за здравство, кризниот штаб, инстиутот за јавно здравје за начиниот на коориднирање на целиот здравствен систем.
 
Македонското здравство реагираше навремено и соодветно и добро се справи со пандемијата со коронавирусот.
Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.
Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем. Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина. Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално.

Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот но на начин на којшто ќе бидеме заштитени а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, многу е важно:
–          да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме.
–          да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата.
–          редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете со сапун.
Здравствените работници, кои се во првата борбена линија со коронавирусот, деноноќно се грижат за здравјето на граѓаните, ги лекуваат заболените. Секој од нас треба да им помогне со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.
Во оваа прилика од името на здравствените работници, сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои доследно ги почитуваат мерките за заштита и ги повикувам сите без исклучок да одржуваат дистанца, да носат заштитна маска, шал или марама и редовно да ги мијат рацете.
Со тоа ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот кој според препораките на СЗО се очекува после есента.
Го живееме новото нормално. За да се намалуваат ограничувањата, ние мора да ја зголемиме внимателноста. Со почитување на мерките за заштита го чуваме личното здравје, здравјето на нашите деца, на нашите родители, баби и дедовци, здравјето на сите сограѓани.
Треба да знаете
Последни објави