Преку Снепчет пренесуван напад во Аризона

Најмалку три лица се повредени во пукање што се случило во трговски центар во Глендејл, Аризона, а напаѓачот пукањето го пренесувал во живо на социјалната мрежа Снепчет, соопшти денеска полицијата.

Пукањето се случило во средата вечерта, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата, додавајќи дека едно од повредените лица е во критична состојба, пренесува Си-Ен-Ен.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачот го пренесувал нападот на социјалната мрежа Снепчет.

Сенаторот од Аризона, Мартин Кезада напиша на Твитер дека бил сведок на нападот и видел дека човекот носи автоматска пушка.

Во тек е полициска истрага и трговскиот центар е затворен за да се испитаат сведоците и да се утврди дали имало уште еден или повеќе напаѓачи.

Треба да знаете
Последни објави