Румениге: Со Интер ќе разговараме за Перишиќ, откако тој ќе одигра неколку натпревари

Претседателот на Управниот одбор на германскиот фудбалски првак Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот сè уште не донел одлука дали да го купи играчот од средниот ред Иван Перишиќ, кој настапува за Баварците на позајмица од Интер.

– Перишиќ се опорави од повредата на ногата. Ќе разговараме за неговата иднина со Интер, откако тој ќе одигра неколку натпревари, изјави Румениге.

Во договорот за закуп на Перишиќ е пропишана клаузула за откуп, а се шпекулира дека „неро-азурите” се подготвени да прифатат понуда од 10-15 милиони евра.

Перишиќ има пет гола и осум асистенции на 23 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува цената на 31-годишниот Хрват на 17,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави