Австралиската пејачка и текстописец Сиа (44) во едно интервју за емисијата „The Morning Mash Up“ потврдила дека минатата година посвоила двајца синови.


Таа гостувајќи онлајн во емисијата, изјавила:
– Јас посвоив два сина минатата година. Двајцата во тоа време имаа 18 години, а сега имаат 19 и многу ги сакам – открила пејачката.
Исто така, поп-ѕвездата открила како нејзиното семејство се снашло за време на пандемијата од коронавирусот и објаснила дека на еден од синовите му било навистина тешко да се навикне да живее затворен во куќа.
– Двајцата го прават тоа што е добро да се прави во карантин, двајцата учат – рекла Сиа.



