Собирање во групи причина за многу нови кластери со заболени во тетовскиот регион

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со Ковид-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

– Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице но има и нови кластери, што е најголемиот ризик јавувањето на нови кластери со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери. Општините Тетово со селата и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите, рече Скендери. 

Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките бидејќи вирусот се уште е тука.

-Ситуацијата во Тетово и околината епидемилошки не е добра поради тоа што граѓаните за жал не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Периодот што следи нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање на групи, да нема идење на фамилијарни посети и обавезно носење на маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така да не се собираат како што гледаме во градот голем број луѓе пред банки, пошти, рече Скендери.

Според податоците на Министерствот за здравство во тетовскиот регион досега се бележат 161 заболен од кои активни 73, како и вкупно 15 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави