Двајца возачи на мотори биле тешко повредени вчера во две сообраќајни несречи на подрачјето на Скопје, информираше МВР.
Вчера во 16:45 на крстосница од локален пат Средно Коњари- Горно Коњари и локален пат кој ги поврзува автопат Миладиновци-Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од село Петровец, и мотоцикл „хамачи”, управуван од Б.М.(28) од Средно Коњари.
По незгодата Б.М. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Во населбата Аеродром, пак, околу 18 часот на крстосница од булеварот Кузман Јосифовски Питу со улицата Владимир Комаров се судриле комби „ивеко” , управувано од И.Т.(49) од Скопје и мотоцикл „пиаџо” со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од Неготино.
По незгодата С.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни поврди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.