Нема лоша крв меѓу некогашната холивудска двојка Џенифер Гарнер и Бен Афлек.
Џенифер наводно „е среќна дека поранешниот сопруг ја пронашол љубовта во неговата новата девојка, 32-годишната Ана де Армас,“ пишува „Ју Ес викли“ цитирајќи извор близок до Џенифер.
На 48-годишната актерка која има три деца Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (осум) со оскаровецот, се чини дека ѝ е мило што Бен конечно се чувствува добро.
„Иако е на некој начин тажно да гледа дека тој продолжил понатаму и е многу среќен, таа сепак е среќна дека тој е среќен. Тоа е врочем она што го посакува за таткото на своите деца,“ додава изворот.
Џенифер и Бен се разделија во 2015 година но холивудските sвезди по разводот напорно се трудеа да одржат добри меѓусебни односи заради нивните деца.
Изворот додаде дека Џенифер е „секогаш љубезна и му верува на Бен и му дозволува да го направи она што го сака кога е со децата.
Џенифер и Бен се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015 година, а разводот траеше долго – речиси три години до 2018 – што беше повод за гласини дека повторно ќе бидат заедно.