Славјанка Петровска, тврди дека имало разговор помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола за неговата посета на теретаната, за што, тече интерна истрага во рамки на министерството.
Таа на Фејсбук напиша дека во време на дигитална форензика нема да дозволи истрага врз основа на изјави за шкафчиња со вратички или без вратички.
„ВМРО-ДПМНЕ сè уште живее во стар лош филм. Времето кога се снимаа телефонските разговори на вработените во Министерството, а богами и на министри, директори, пратеници, опозиција, граѓаните, е завршено. Опремата ја уништивте мислејќи дека ќе ги избришете доказите. Ама не можете да ги избришете траговите на режимот во кој владеете и затоа не се обидувајте со лаги да го оправдате отстајот. Разговор имало, а за содржината прашајте го Мицкосски. Јас барам да се спроведе законот и затоа барам целосна и темелна истрага која во 21 век и во време на дигитална форензика нема да се сведе на изјави за тоа кога се наместени шкафчињата со вратички или без вратички. Ако Мицкоски навистина не бил во теретана во време на пандемија, ќе ми биде благодарен што поддржувам целосна истрага и наместо да се заканува ќе му биде благодарен на дополнителниот помошник што побара вештачење на снимките. Оставете ги вработените да го спроведуваат законот, тогаш кога грешите признајте и извинете се, не измислувајте изговори, затоа што секој нареден ви е полош од претходниот.
П. С Го пријавивте наводното незаконско следење или и тоа е одех во студио?“, напиша Петровска на Фејсбук.