Чулев: Изјавата на Ангеловска е уште еден доказ за за негрижата на Владата за вработените во МВР

Денешната изјава на Министерката за финансии, Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук. Реакцијата следи откако Ангеловска рече дека предлогот за награди за вработените во МВР не кореспондира со барањето за ребаланс на буџетот.

-Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/160501838809952?__xts__%5B0%5D=68.ARBDNKU-0yjPA2vG4Fr5UsKNfambk2augN4lEivHxOo3dKEqXr8illGC9E-Ac9UsJQGNjwo8RbgSwwC1nfdYfilrBQyxU_MNkJa4f7Jq2WvOxy6qgTIaj_SHS7xvwZXKuMo8HaMpI2Loo__0F2juxCPv1kqwQp5Nq8fxUzFR5Pe80u0NxMNEDwQY0ADOba_Zh4bchpzrhSgBj4wxRYwtznZwwXnJS-wNBHiajDdt6wmGNbN4NDCovXVyTXAlJfYJFFFth1QiisjtSnfAEAY9RTDHPip9DOei4zSoXFy7H_Is2bHOH8mpZD0z7o7b_TU_7DRjGfUkf5yaJZiHKNQ&__tn__=-R

А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот, вели Чулев.

Треба да знаете
Последни објави