Рекорден пад на прометот во британската малопродажба поради коронавирусот

Прометот во британската малопродажба забележа најголем пад во април откако статистичката канцеларија ОНС започна со објавување податоци, како одраз на последиците од ширењето на коронавирусот, што ги поттикна граѓаните да купуваат повеќе преку Интернет.

Прометот падна за 18,1 процент во март, најмногу од 1988 година. На годишно ниво прометот падна за 22,6 проценти.

Силен раст на прометот на месечно ниво е забележан само по пошта, телефон и Интернет, за 18 проценти. Повторно се зголеми продажбата во продавниците за алкохол, за 2,3 проценти.

Учеството на продажбата преку Интернет достигна рекордни 30,7 проценти. Тој процент во април минатата година изнесуваше 19,1 процент.

Треба да знаете
Последни објави