Претседателот на владата, Оливер Спасовски денеска не најави дали владата ќе ја прифати препораката на комисијата за заразни болести за да прогласи полициски час за цел викенд во траење од 58 часа.
-Нема додворување на граѓаните за политички поени. Ние секогаш сме постапувале и сме ги подржувале препораките на стручната фела. Попладне во 17 часот има седница на која ќе се расправа за одлука. Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе, истакна Спасовски.
Викендот е големиот исламски празник Рамазан Бајрам, кога се предвидени празнични моитви додека во понеделник е празничен ден откако во недела е и Свети Кирил и Методи.