(Видео) Голем пожар во Радишани, градоначалникот Смилевски заедно со пожарникарите

Голем пожар избувнал попладнево во населбата Радишани дознава 24 Инфо.

Неофицијално, во пожарот изгорела фирма за авто делови, заедно со магацин кој работел на диво.

На самото место веднаш пристигнал и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Пожарот е ставен под контрола, но пожарникарите уште работат на негово целосно гаснење. Нема повредени, причинета е само материјална штета. Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

 

Треба да знаете
Последни објави