Само на оние што имаат потврда дека се негативни на тестот на коронавирусот, извршен во претходните четири дена, ќе им биде дозволено да влезат во Унгарија од Австрија, јавува агенцијата МТИ.
Според одлуката на унгарската влада, доколку, сепак, симптомите се појават во рок од 14 дена, пациентите ќе мора да одат во самоизолација и за тоа да ги известат властите.
Ова правило важи за сите граѓани на земјите од Европската економска зона со постојан престој во Унгарија.
Унгарската влада исто така преговара со околните земји за отворање дополнителни гранични премини, додаде агенцијата.