Грција своите гранични рампи за туристите по карантинот поради пандемијата со коронавирусот ги крева на 15 јуни. Втората мерка за целосно отворање на земјата за туристите е најавена за 1 јули кога ќе почната да работата и сите аеродроми.
-Од земјите од нашето соседство ќе ги очекуваме нашите први гости. Од овие земји ќе биде и полесно да дојдат туристи, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервју за грчката телевизија ЕРТ.
Тој објасни дека формирањето на конечната листа со земји од каде ќе биде непречено пристигнувањето на гостите, сѐ уште не е финализирана. На ова работи експертска комисија на епидемиолози. Било побарано, да се разгледа состојбата во балканските, балтичките како и во земјите од северна Европа, Германија, Израел, Кипар и другите од поширокиот регион.
– Во првата фаза, очекуваме од Националната организација за јавно здравје да ни достави листа со земји за кои смета дека епидемиолошките податоци се такви што дозволуваат туристите со соодветната безбедност да пристигнат во Грција, објасни грчкиот министер за туризам.
Конкретната листа за првата фаза, се очекува да биде подготвена пред крајот на месецов. За втората фаза, на 1 јули, кога ќе се отворат сите грчки аеродроми за туристи, ќе биде подготвена нова листа со земји, за кои ќе има забрана, но листата повторно и редовно ќе се разгледува. Во однос на одлуката од туристите да не се бара тест за Ковид-19 пред пристигнувањето во Грција. Тоа е одлука донесена од надлежните.
– Сакам да бидам јасен, оваа одлука, практично беше донесена од самите доктори. Органите кои издаваат такви упатства, како што е Европскиот центар за превенција и спречување на болести (ECDC), ни велат дека е мала вредноста да се прават овие тестови. Нам не ни претставува никаков проблем да се прават тестови, доколку тоа би го олеснило протокот на туристи. Но, ни велат дека реално, има мала вредност во тоа, вели Теохарис.