Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски и во состав Билјана Радева, заменик генерален секретар и портпарол и д-р Александар Љ. Спасов, советник за надворешна и внатрешна политика на претседателот, во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Поради пандемијата на КОВИД-19, оваа година посетата на Рим и Ватикан и чествувањето на Св. Кирил и Методиј е поместено во втората половина на 2020 година.