Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.246.532 лица. Од нив починале 336.238, а оздравеле 2.119.137 луѓе.
– Министерството за здравство на Грција денеска соопшти 21 нов случај на Ковид-19, а почина уште едно лице. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.873 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 169 лица.
-Само четири нови случај на Ковид-19 од анализирани 1.970 примероци во изминатите 24 часа соопшти Министерството за здравство на Кипар. Од почетокот на епидемијата, заразени со новиот коронавирус се 927 лица.
– Во Србија, за првпат во изминатите 24 часа, не се забележани смртни случаи. Тестирани се 5.998 лица, од кои 105 случаи потврдени.
– По вчерашните пет денеска во Албанија регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 981 лице. Во последното деноноќие регистрирани се шест оздравени или 777 што е околу 79 отсто од вкупно заболените. Активни на болеста се 173 лица, главно во Тирана, Драч,Круја и Скадар. Од, нив болнички се лекуваат 17 пациенти, од кои пет се на интензивна терапија. Битката со болеста ја изгубиле 31 лице. Од почетокот на пандемијата направени се 14.259 тестови, од нив 12.933 молекуларни и 1326 серолошки.
– Бројот на заразени со вирусот во Африка е над 100.000, соопштија денеска африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а повеќе од 3.100 луѓе починале од Ковид-19 на континентот каде живеат 1,3 милијарди луѓе.
– Стапката на смртност од коронавирусот во Русија ќе се зголеми нагло во мај, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова. Според неа, анализата на руските експерти врз основа на резултатите во изминатите три недели и анализата на епидемиолошката крива, покажува сериозно зголемување на стапката на смртност во овој месец.
– Чешките здравствени власти соопштија дека ширењето на новиот коронавирус е под контрола и покрај зголемувањето во последните денови. Наспроти ова, Чешката Република се подготвува за ново олеснување на анти-епидемиија мерките од понеделник. Министерот за здравство Адам Војтех рече дека првиот бран на олеснување на мерките, што почна на 11 мај, немало негативен ефект. Од утрово, вкупниот број случаи на Ковид-19 регистрирани во Чешка беше 8.757, а на смртните случаи – 306. Вкупниот број хоспитализирани пациенти е 150 до денеска, што претставува намалување од две третини во однос на пикот.
-Во Косово вчера беше потврден само еден нов случај на заразен, а не се регистрирани новоизлекувани или починати од Ковид-19. Вклучително вчерашните статистики, како што објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), во земјата досега се регистрирани 1.004 лица заразени од новиот коронавирус, од кои излекувани се 772, а вкупно се забележани 29 смртни случаи, од кои последниот на 12 мај. Според овие податоци, вкупно во земјата активни заболени од Ковид-19 се 203 лица. Во текот на вчерашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на ИШПК, извршени се тестирања на 145 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата, се тестирани 12.551 лице.