Елајџа Вуд (39), главен јунак во филмовите „Господар на прстените“, стана татко пред три месеци, но тој и неговата партнерка, филмската продуцентка Мете-Мари Конгсвед, успеаја да ги држат во тајност сите дополнителни информации.
Двојката не се појавуваше во јавноста во последните месеци, како и повеќето други холивудски двојки поради пандемијата на коронавирусот, но потоа фотографите ги фатија на една од прошетките со бебето.
Сè уште не е познат полот на детето на Вуд и Конгсвед и иако се обидоа да се заштитат со маски, како од вирусот така и од несакано внимание, сепак, не можеа да поминат незабележано.
Двојката се запознала во 2017 година кога заедно снимале филм. Мете-Мари била во брак со продуцентот и сценарист Еван Луис Катз (39) пред врската со Елајџа, но тие се развеле една година пред таа да се запознае со Вуд. Тој, пак, претходно бил во врска со американската актерка и музичарка Памела Расин (42).