Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје, на својата територија изврши пролетна дератизација за уништување на штетни глодачи.
Со дератизацијата во сите месни и урбани заедници беа опфатени 3863 шахти.
Локалната самоуправа, дератизација врши секоја година напролет и наесен.