Во интерес на вистината, на објективното информирање на јавноста, а особено во интерес на интегритетот на институцијата – Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам.
Полицијата, односно министерството за внатрешни работи ниту има надлежност ниту пак се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Притоа јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво. Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја предизвикана од пандемијата со корона вирусот (“ковид 19“), Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓани на нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување.
Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници.
И во оваа ситуација станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија.Полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните. Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ.
МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.