Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција предупреди дека дел од антикризните мерките од вториот и од третиот сет нема да можат да бидат реализирани доколку не биде продолжена вонредната состојба на 30 мај бидејќи потоа стапува во сила членот 8а од Изборниот законик, и сите вонредни исплаќања се кривично дело.
-Ако е Владата чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача тогаш избори не може да се случат шеесет дена од престанокот на воонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните, рече Мицкоски.
Соред него, економската поддршка не само што не е испорачана туку е два до 2,5 пати помалку од она што било предвидено од Владата. Единственото економско достигнување остварливо за Владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за четири месеци.
Помошта за април, овој месец ја добиле само 17.813 правни субјекти односно 110.000 вработени, и тоа е 2,5 пати помалку од она што било предвидено со уредбата. Во однос на мерките од третиот сет, Мицкоски кажа дека Владата се уште не соопштила методологија врз основа на која ќе ги дели ваучерите, ниту пак од каде ќе најде пари за тоа. За ВМРО-ДПМНЕ овој сет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна фукнкција и може да се каже дека е изборна измама.
Обвини дека сето ова има за цел да биде едно ветување предизборно, преку еднократна мерка.
-Во Владата веруваат дека ќе добијат поддршка од граѓаните кои ќе бидат корисници на овие мерки евентуално по завршувањето на парламентарните избори. Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки ќе важи и за третиот сет на мерки односно веднаш после 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба а сите изгледи се такви дека нема можности за продолжување на вонредната состојба, членот 8а од Изборниот законик, стапува на сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош и слично, кои не се редовни месечни примања се кривично дело кое е казниво со закон и затворската казна од минимум пет години, рече Мицкоски.
Сите оние кои ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, да поткупат, потенцираше тој, сите оние кои ќе сторат кривично дело, ќе добијат кривична пријава.
Лидерот на опозцијата ја повика Антикорупциската комисија да излезе со став за сето ова кое, како што кажа, по четврти пат од ресорниот министер и од Вlадата и беше соопштено на македонската јавноста.
Во однос на раговорите за парламентарните избори, Мицкоски рече дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.
-Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа, рече лидерот на опозицијата Мицкоски.
Не ги потврди информациите дека разговори има со посредство на претставници на меѓународната заедница.
-Јас немам такви информации дека има какви било мешања на претставници на меѓународната заедница во Македонија, така што претпоставувам дека и ова е еден дел од оној фоклор на шпекулации и дезинформации кои се присутни во јавноста, рече Мицкоски.
Тој вети дека по завршување на парламентарните избори, „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни сето она што било ветено како обврска за стопанството и граѓаните од страна на Владата на СДСМ”. Според него, опозоциската партија има јасен пристап и стратегија како да се обнови државата после коронакризата.
Мицкоски, одговарајќи на новаинарско прашање, рече дека не поддржува полициски час од 58 часа, исто како што не го поддржуваше она што се случувапше за Велигден. која е целта, според него, ако по завршувањето на полицискиот час е продолжи со полиберален пристап.