Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во вестите во Алфа истакна дека врвот на партија е следен физички и телефонски.
Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата би рекол свиркачи од ражни институции кои што доставуваат информации до нас дека највисокот раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и коумникациски надзор, рече Николоски.
Николоски посочи дека тоа е недеморатски и незаконски и изрази сериозен сомнеж дека тоа го прават параполициски структури што е целосно нелегално. Овие параполициски структури според него се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.
Тоа е една недемократска и незаконска мерка која што се применува за следење на политичкиот противник. Ние сме спремни на еден таков наш начин на обсервација и работа и дури и на тој начин ќе победиме на следните парламентарни избори затоа што демократијата во Македонија не може ништо да ја застане. Но сакам да ги предупредам оние кои што го прават тоа да не ги слушаат наредбите на своите претпоставени и на своите партиски шефови, затоа што за тоа ќе понесат сериозна кривична одговорност. Сознанијата се дека сме следени и ние и нашите семејства и физички и телефонски. Има два начина да тоа е направено, првиот е тоа да се прави преку двете безбедносни агенции во Македонија и заради тоа ќе алармираме до двете надлежни собраниски комисии за следење на работата на овие агенции, штом се формира следниот парламетнарен состав да извршат надзор на овие две тела. Но она на што многу повеќе се сомневаме е дека се работи за параполициски структури кои се раководени од политички, а не од безбедносен центар и дека се работи за следење од страна на параполициски структури што е целосно нелегално, заклучи тој.