Поранешниот руски фудбалски репрезентативец Павел Погребњак се тестираше позитивно за коронавирус, објави прес-службата на Урал, каде што игра.
– Болеста е блага. Ништо не му се заканува на неговото здравје. Павел се чувствува добро и е под постојан медицински надзор. Во моментов се спроведуваат сите потребни мерки за дијагностицирање и лекување. Другите играчи и вработените во клубот имаат негативни тестови за инфекција со коронавирус, објаснија од клубот.
Во своите најдобри години, Погребњак играше за Зенит, Штутгарт, Фулам и Ридинг.