Денис Родман е тема на новиот документарен филм на Нетфликс, „Последниот танц“, кој зборува за НБА-ѕвездите вклучувајќи ги и животите на славниот Мајкл Џордан (57), Скоти Пипен (54) и Денис Родман.
Документарната серија го следи и љубовниот живот на Родман, кој бил многу бурен. Неговата најпопуларна врска е со поп-кралицата Мадона, со која се забавувал само два месеца, но за тоа време се појавувале заедно на неговите натпревари, како и на другите популарни настани во 90-тите.
Сега, конечно, се откриени деталите за романсата меѓу славната пејачка и НБА-ѕвездата, па дури е откриен и нејзиниот план за бременост.
Во својата автобиографија I Should Be Dead By Now, Родман пишува колку Мадона сакала да биде во врска со него.
„Таа ми испраќаше пораки од типот ’навистина сакам да бидам со тебе, ми недостигаш’, како и некои вулгарни пораки. Јас нема да те пуштам затоа што сакам твое дете“, му рекла Мадона.
Во интервју за странски медиуми Родман откри дека таа дури му понудила 20 милиони долари за да забремени.
Иако Мадона навистина сакала да има дете со него, сепак, нивната врска траела само два месеца по што тие продолжиле со своите животи.