Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, е префрлен во Москва под сомнение дека е позитивен на коронавирус, изјави извор од медицинските кругови за ТАСС.
„Тој е ставен под медицински надзор“, рече изворот, додавајќи дека Кадиров е во стабилна состојба.
Руската агенција забележува дека не може да добие официјална потврда за овие информации.
Претходно, каналот База Телеграм објави дека Кадиров, наводно, бил заразен со коронавирус и дека бил пренесен во болница во Москва.
Неговиот помошник Ахмед Дудаев истакна дека Кадиров лично ја надгледува работата на регионалниот центар за борба против коронавирусот.