Приведено 41 лице во полицискиот час, казнети 113 за неносење маски, на 85 им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  113    прекршоци.  За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

 

Треба да знаете
Последни објави