Градот Кан на француската ривиера требаше да биде домаќин на најголемите имиња од светот во филмот.
Но годинава прочуениот филмски фестивал, познат како Festival de Cannes, беше одложен поради пандемијата на Ковид-19, црвениот тепих остана завиткан, а локалното население може да гледа филови во автокино – нов тип кино на отворено – на паркингот покрај плажа.
Штом се стемни, публиката (гледачите) сместени во своите кабриолет спортски автомобили, со вреќички пуканки на контролната табла, и деца што висат над прозорците, го гледаат филмот И-ти на Стивен Спилберг.
Со киносали, театри и ресторани сè уште затворени бидејќи Франција претпазливо ги ублажува мерките за спречување на коронавирусот, луѓето беа задоволни да гледаат филм на отворено уживајќи во пријатната вечер на медитеранскиот брег.
Канскиот филмски фестивал првично требаше да се одржи од 12 до 23 мај.