Сите играчи на Јувентус се негативни на КОВИД-19, пренесе „Кориере дело Спорт”
Играчите биле подложени на тестови во средата и резултатите од никој од нив не се загрижувачки. Ова ќе му овозможи на тимот во наредните денови да започне со тренинзи во поголеми групи.
„Бјанконерите” сè уште тренираат индивидуално, а Блеиз Матуиди и Сами Кедира, кои беа меѓу заразените на почетокот од годинава, учествуваа на вчерашните тренинзи.
Италијанскиот шампионат се очекува да продолжи во втората половина на јуни.