Сите странски државјани кои имаат намера да патуваат за Хрватска, како и граѓаните со хрватски пасоши кои немаат постојано место на живеење во земјата одговорите на сите прашања поврзани со влезот во оваа земја за време на актуелната ситуација со коронавирусот можат да ги одбијат на порталот од хрватското министерство за внатрешни работи.
Со само неколку кликови заинтересираните можат да добијат одговори на сите најчесто поставувани прашања околу мерките за влез во Хрватска за време на пандемијата. Информациите се објавени на порталот MUP во категоријата UZG COVID.
Ако некој одговори на прашањата недостасуваат корисниците ќе можата да ги побараат по пат на достапниот онлајн образец за конкретен одговор.
Наведената страница и онлајн образецот моментално се достапни на хрватски, англиски и германски јазик, а се планира проширување и на други јазици пренесуваат хрватските медиуми.