Две лица вчера се здобиле со тешки телесни повреди на патот Градско-Неготино и на Неготино-Демир Капија. За двата настана денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Градско-Неготино, патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти Додевски.
Претходно, во 9 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, во близина на место викано „Острово”, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т” со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.