Тимоние: Партиите да најдат компромис со разумен датум за избори, без ултиматуми

Разговорите продолжуваат и сметам дека нема потреба да се драматизираат работите, а особено не да се поставуваат реципрочни ултиматуми, вели францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние во интервју за „Вечер“.

-Сите се согласни околу главните појдовни точки: прво, за здравјето на граѓаните не може да се преговара и второ, воспоставувањето легитимен парламент е неопходно за земјата да може да се справува со предизвиците во овој критичен период и да може да се прифати, а потоа и да се користи меѓународната помош брзо и ефикасно. Но, да не бидеме наивни: постојат и политички калкулации околу датумот, така што се верува дека побрз или подоцнежен датум ќе биде во корист или ќе им наштети на едните или на другите. Околностите се премногу сериозни за да не се изнајде заедничко компромисно решение со разумен датум и со надеж дека вирусот ќе има разбирање, што пак не е сигурно. Практичните размислувања на Државната изборна комисија околу времето потребно за добра подготовка на списоците, исто така, треба да бидат земени предвид за неоспорен резултат, вели Тимоние.

Целото интервју на франсускиот амбасадот може да го прочитате на  „Вечер“.

Треба да знаете
Последни објави