Шилегов: Вардар може да му биде вратен на Скопје без долгови

Вардаровата „сапуница“ во која последниве две години главната улога ја игра „газдата“ Сергеј Самсоненко со неговите изјави „си одам – не си одмам“ во зависност во временските и финасиските  (не)прилики очигледно ќе биде тема и во наредниве денови. Рокот кој го доби најтрофејниот македонски фудбалски бренд Вардар од УЕФА да ги подмири дологовите за да ја добие лиценцата за настап на меѓународната сцена, што патем за наши прилики и добро се премира, е пред крај. Спасот се гледа во враќањето на Вардар под „капата“ на Градот Скопје кој во 2014 година му го предаде на Самсоненко.

-Нашето сознание е дека Вардар во моментов е должен повеќе од два милиони евра, што неисплатени плати, што неисплатени други работи. Ете, ние прифаќаме било каков совет кој што би значел влез на тие средства и ќе го прифатиме. Ако има начин да се помогне, со задоволство. Но, добро е познато дека Вардар може да биде вратен на Град Скопје само со нула долгови, онака како што Сергеј Самсоненко го зеде од градот пред шест години, изјави меѓу другото Шилегов, на тв-дебата.

Вардар лани остана без лиценца и настап на евро-сцената, како и добра премија, ако ништо повеќе да си ја истера сезоната. Во оваа сезона која е замрзната поради пандемијата со коронавирусот  Вардар е убедлив лидер со 10 бода предност пред второпалсираниот Силекс и е на прагот да освои нова единаесета домашна круна и да обезбеди квалификациски настап во ЛШ, што би му донеле нешто помалку од еден милион евра ако одигра само епизодна улога. Доколку пак има среќа да скокне некое коло, а да не зборувамаме за резултати како во 2017 кога стаса до историскиот настап во групната фаза од Лига Европа, тогаш ќе има и неколку милиончиња и покривање на сите дологи, но и за самоиздржување. Но, се подразбира парите да бидат наменети за фудбалскиот клуб, а не за други потреби !

Денеска се одлучува во ФФМ за судбината на фудбалското првенство во Македонија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави