Јапонски државен обвинител бил принуден да даде оставка откако медиумите објавија дека се коцкал со новинари и покрај каратинот којшто е воведен поради пандемијата на коронавирус.
Хирому Курокава, главниот јавен обвинител во Токио, двапати се коцкал во мај со тројца репортери. Коцкањето е забрането во Јапонија, а главните медиуми долго време беа изложени на критики поради блиските односи со високи функционери.