Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања по прес конференција потврди дека се познава со Александар Верушевски, синот на и советникот за безбедност во Владата, Зоран Верушевски, а кој тајно го снимал Зоран Заев летото пред четири години.
-Да, се познавам со Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг. И она што можеби е значајно да го знае македонската јавност- тој е и голем патриот, рече Мицкоски.
Дека помладиот Верушевски,познат во јавноста по многу криминални дејствија, го снимал Заев во разговорите кои неодамна беа објавени на Јутјуб, призна самиот Заев.
-Ме снимаше господинот Александар Верушевски. На ручек е кај мене во Струмица, летото 2016, овде седиме и ручаме, и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години … Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност, јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња, со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата (партиската) комисија за внатрешна безбедност, соработувам, советник во кабинетот за национална безбедност. Но, еве, така одлучил мојот пријател Александар, така и направил, изјави Заев.