Денеска Црвениот крст, Институтот за тарнсфузиона медицина и Општина Кисела Вода успешно спроведоа крводарителска акција.
Голем број хумани граѓани, градоначалникот Филип Темелковски и општинската администрација, со цел да спасат нечиј живот во салата на Советот на Општината даруваа крв.
Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода двапати годишно организираат крводарителски акции. На акцијата беа собрани вкупно 27 единици крв.
Локалната самоуправа им благодари на сите крводарители кои спасија нечии животи.