Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте почина денеска, на 70-годишна возраст.
Канте допринесе во зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот, а неговиот хит „Yeke yeke” беше издаден во 1987 година и за кратко време беше продаден во неколку милиони примероци и достигна на врвот на музичките топ-листи во многу земји.
-Канте боледуваше од неколку хронични болести и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно поради коронавирусот – рекол неговиот син и додал дека неговата здравствена состојба се влошила во последните денови.