Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки. Тоа е така затоа што градот Скопје не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски. Овие фази се целосно прескокнати и пропуштени поради тоа што Скопјани освен со корона се соочуваат со наезда на лебарки.
Таа наезда е последица на неработата на градот Скопје.
Вонредна состојба, пандемија, многу ѓубре по контејнери, оставена храна во затворени објекти кои не работат, бујна вегетација неискосена, запушени канали, сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести.
Потребна е стратегија на град Скопје и општините со министерство за здравство.
Паради не се потребни, треба сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести.
Ѓубре, диви депонии, бубашваби.
Неспособноста на Шилегов освен Ковид-19 носи и други заразни болести со вакво недомаќинско работење.