Владата донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, информира владата. Уредбата се носи со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи.
– Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.
На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд.
Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба, може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот, соопшти владата.