Во 02 часот и 43 минути зачука срце, се направи првата трансплатација на срце во Македонија !
,,Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…
Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!
Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !!
Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде !
Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот” !
Честитки Господа !!!“-емотивен статус на ФБ на д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.
За првпат во С. Македонија тим доктори кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ), изведоа сложена и тешка операција на кадаверична трансплантација, односно трансплатација на срце од мртов донор.