Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин се најде под лупа на два англиски клуба, тврди „Тутоспорт”. Волверхемптон и Њукасл се заинтересирани за напаѓачот на Аргентина.
Триесет и две-годишниот стрелец веќе играше во Премиер лигата со екипата на Челси, но не успеа да покаже на што е способен. Сега тој може да добие втора шанса да блесне на Островот.
Во овој момент, се чини скоро сигурно дека Игуаин ќе го напушти Јувентус во текот на летото. Во Торино бараат помлад и поперспективен играч да го води нивниот напад во наредните сезони и се очекува Аргентинецот да биде продаден.
Освен Англија, во САД се заинтересирани за напаѓачот, како и неговиот прв клуб, Ривер Плата.