Две десетгодишни деца од Франција кои си играле во градината на семејниот дом во Вендоме, за време на коронавирусот, пронашле вредно откритие.
Откако француската влада воведе карантински мерки, нивните родители решиле да го напуштат Париз, каде што живее семејството, и да се преселат во семејната куќа во Вендоме, југозападно од главниот град, пишува Би-би-си.
Нивните синови, двајцата на возраст од десет години, сакале во дворот да направат куќа од гранчиња, лисја и прекривки. Таткото им рекол да земат стари прекривки од орманот на бабата, во собата за гости.
Додека момчињата ги ваделе прекривките од орманот, од него испаднале два прилично тешки предмета, раскажал локалниот антиквар и колекционер Филипе Рулие за француски БФМТВ.
Момчињата не биле заинтересирани за необичните предмети па ги вратиле во плакарот. Но, кога му кажале на нивниот татко што се случило, тој ги замолил да ги донесат овие необични предмети, мислејќи дека тоа се држачите за ножеви на неговата баба.
Кога погледнал за што станува збор, му се јавил на Рулие и му испратил фотографии, а аукционерот објаснил дека се работи за две златни прачки, секоја со тежина од по еден килограм.
Сега и двете се понудени на интернет аукција на аукциската куќа на Рулие, а нивната вредност се проценува на 40.000 евра по парче, но експертите ценат дека може да се продадат и по 100.000 евра бидејќи цената на златото е зголемена поради корона-кризата.
Се покажало дека бабата ги купила прачките во 1967 година и дека има сертификат за набавка